Македонија
(Видео) Силјаноска-Давкова: Потребно е намалување на ДДВ и субвенционирање на угостителски капацитети
Носителката на листата во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Гордана Силјаноска – Давкова денеска кажа дека владата на чело на СДСМ целосно го заборавила угостителскиот сектор и дека мерките кои ги носеше биле задоцнети, и недоволни со што моментално угостителскиот сектор се соочува со целосен крах.
„Владата го заборави угостителството или многу доцна виде дека угостителите имаат големи проблеми врзани за отсуството граѓани заради опасноста од зараза со Ковид 19. Потем реагираше но чинам дека реакциите на угостителите беа дека тоа целосно недоволно“, истакна Силјаноска-Давкова.
Таа како носителка на изборна единица 1 потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има подготвено стратегија и мерки кои ќе значат заздравување на целокупната економија а со тоа и рехабилитирање на угостителскиот сектор.
„Останува значи за партијата или за коалицијата што ќе победи што значи за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери да го спроведе она што е напишано во програмата. Дека е потребно во првите 100 дена да се посегне по една преодна стратегија за решавање на затечените проблеми или проблемите во тек врзани за економијата и за здравството што значи со ова врзано и статусот на угостителството„ појасни Силјаноска-Давкова.
Таа како носителка на изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ истакна дека во програмата „Обнова“ ставени се проекти и мерки конкретни за угостителите како намалување на ДДВ и издвојување на секторот туризам од постојаното министерство за економија и присоединување со министерството за култура каде е вклучено и угостителството. Силјаноска – Давкова појасни дека е една од многуте мерки е и субвенционирање на угостителските капацитети кои би добиле статус зелени хотели и многу други проекти кои го засегаат овој сектор.
„Една идеа или една информација економистите експертите економски сметаат дека треба на патот на европеизацијата да бидеме стандардни и наместо министерство какво што имаме сега за економија во кое влегува и туризмот.Туризмот да се извлече од економијата и да се дислоцира во културата , тука го врзувам јас и угостителството во една своја димензија има врска исто така со туризмот и мислам дека на таа линија е добра. Мерката да се намали ДДВ што го плаќаат угостителите за да им се овозможи порамноправен настап на пазарот а ако се извлече како што велам туризмот тогаш да имаме едно класично европско министерство како што е министерство за индустрија , за трговија и за развој. Мислам дека е тоа добар потег“, појасни таа.
Силјаноска – Давкова рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се стимулира и градење на човечки ресурси во туризмот односно стимулирање на вклучување на младите во овој сектор и воведување на категоријата работен час каде ќе се вреднува подеднакво и ноќниот труд за поттикнување на сезонскиот труд а и воедно за спречување на одлив на млади луѓе за време на летната сезона.
„Понатаму што е добро од она што го разговарам, тие сметат дека определбата програмска младите да можат part – time да бидат ангажирани се разбира со се сите давачки што следат во односот кон нив во угостителството. А за време на летниот распуст да можат и целосно да бидат вработени“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

