Македонија
(Видео) Советниците на СДСМ во Карпош против висококатници во Тафталиџе
Советничката група на СДСМ не поддржува проекти со огромни висококаници да никнат во Тафталиџе.
Влатко Бислимовски, советник на СДСМ во Советот на Општина Карпош, рече дека тоа нема да го дозволат.
„Ова место во Карпош е главниот проток на воздух во градот и така треба да остане. Секако дека на Општина Карпош и се потребни инвестиции, меѓутоа на соодветно место и со соодветна инфраструктура. Најостро ги демантираме изјавите на советничките групи на ДПМНЕ и Левицата, кои заедно континуирано ја опструираат работата на Советот и на Општината спротивно на интересите на граѓаните. Опструкциите на ДПМНЕ со 4.000 амандмани за носење на буџетот не е бојкот за носење кој било ДУП ниту, пак, доказ за работа и посветеност, туку конкретна опструкција на работата на Советот и Општината“, рече Бислимовски.
Како што додаде, 4.000 амандмани, во кои на половина им е сменета само една бројка, се доказ за деструкција и бојкот на Советот за тотална нефункционалност на Општината.
„Ние како советници сме должни да работиме само и само во интерес на граѓаните, без никакви драми, одолжувања и бојкоти“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

