Македонија
(Видео) Сотирова-Бухова: Нема ниту едно невакцинирано дете во градинките
Ниту едно дете кое не примило МРП-вакцина не е затекнато во државните ниту во приватните градинки, тврди директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова. Таа уверува дека тимовите на инспекторатот се на терен и за изминативе 48 часа колку што поминаа од прогласувањето на епидемијата од морбили, констатирале дека се почитува забраната за прием на невакцинирани деца.
„Со сосема точна сигурност ќе ви кажам дека денеска се пројдени апсолутно сите приватни градинки во Скопје, и тоа по 4 во Центар и Кисела Вода и 6 во Карпош. Во ниту една нема забележано дека е примено дете на чување, ниту вчера ниту во текот на денешниот ден, кое не е вакцинирано со МРП-вакцината“, вели д-р Бухова.
Во однос на опасноста од ширење на заразата и во игротеките или затворените трговски центри каде што најчесто се движат децата, Бухова вели дека засега проценките на центрите за јавно здравје се дека нема потреба да се наложат нови вонредни мерки за превенција.
„За движење во затворени простори и организирани групни збиднувања, сè уште проценката на центрите за јавно здравје и епидемиолошката анализа не укажува на тоа дека можеби ќе треба нови задолжителни мерки. Меѓутоа, состојбата се следи во континуитет и ако има потреба, ќе се наложат“, додава Бухова.
Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите два дена нема нови заболени од морбили, а речиси 1 000 деца примиле МРП-вакцина. Вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје работат и втора смена, а здрваствените власти постојано апелираат да се имунизираат сите деца бидејќи МРП-вакцината е задолжителна.
Во меѓувреме, група родители кои одбиваат да ги вакцинираат децата најави граѓанска непослушност и протести против мерките на здравствените власти за спречување на епидемијата со мали сипаници.
Од градинките ги враќаат родителите кои не ги вакцинирале своите деца, иако, според информации на „Макфакс“, дел од приватните градинки вчера правеле отстапки за родителите кои немале каде да ги остават на чување децата. Лекарите појаснуваат дека во услови на епидемија личното право не може да биде над колективното и државата во овој случај го штити интересот на мнозинството од населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција
Носителката на листа од коаилициката Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани.
Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.
Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово – Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.
Македонија
Ковачки: 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети
1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, ветува носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат. И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар. Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за проекти, реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја“, изјави Ковачки.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има
СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе го изманипулираат народот. СДС деновиве коваат две сценарија кои во суштина се завера против Македонија, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првото е сценарио на бојкот. Европјаните и демократите од СДС кои се утепаа од крадење, сакаат да бојкотираат зошто народот не ги сака и ќе доживеат тежок дебакл. Со ова сценарио сакаат свесно да предизвикаат уставна криза. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, каде Ковачевски му оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му даде на СДС и кои. Толку е голем очајот, што Ковачевски прифаќа се, па и сите министерства да ги води ДУИ, не сфаќајќи дека поразот е и поради тоа што партијата го изгуби идентитетот трчајќи по тоа да му се угоди на Ахмети“, велат од партијата.
„И двете сценарија кои се во план во СДС се губитнички за Македонија и удираат по нејзините темели. Решението е масовна излезност. Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е масовно гласање на избори. Колку поголема излезност толку поголема ќе биде победата над СДС и ДУИ. И СДС и ДУИ мора да знаат две работи, првата е дека ДУИ заедно со СДС оди во опозиција. А втората е дека ќе одговораат за криминалот. Промените и победата е во рацете на народот. За да се запрат СДС и ДУИ и да нема уцени потребна е масовна излезност. За Македонија повторно да биде твоја“, се наведува во соопштението.