Македонија
(Видео) Со државна кампања, која чини 80 илјади евра, ќе се убедуваат граѓаните за уставните измени
Преку кампањата, која се вика „Ние сме Европа“, која ќе се спроведува пред уставните измени, за кои засега нема мнозинство, ќе се убедуваат граѓаните дека исполнувањето на условите е пат кон посигурна иднина. Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, тврди дека ова е историска шанса, а со средбите ќе помогне за членство во ЕУ. Прашан дали ваквите кампањи се задоцнети, тој не одговори конкретно, туку посочи дека целта е граѓаните да дадат поддршка. Маричиќ рече дека кампањата чини 80 илјади евра, односно 5 милиони денари, а ќе заврши на крајот на септември.
„Во рамките на напорите на Владата на Република Северна Македонија да ги оствари стратешките цели и да ја приближи целта за влез во ЕУ, Владата ќе организира серија настани во осум града во државата. Кампањата ќе се вика ‘Ние сме Европа’. Ќе се реализира во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово. Секаде ќе има тематски настани, со кои ќе ги покриеме најважните теми, кои врз основа на нашите анализи ги интересираат граѓаните“, рече Маричиќ.
Активностите ќе почнат во Скопје на 30 август како официјален почеток на кампањата и ќе се зборува на тема економија, а ќе ја отвори премиерот Димитар Ковачевски.
„Активистите ќе значат средби со граѓански организации и целни групи со кои сакаме да ги дискутираме европските вредности. Во секој град истиот ден ќе има и трибина отворена за присуство на сите граѓани. Целта е да се претстават придобивките од брзото членство во ЕУ, неопходните реформи и начините како членството во ЕУ ќе го зајакне идентитетот“, додаде Маричиќ.
Функционерите ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања од граѓаните.
„Членството во ЕУ носи можности и да придонесе за сериозен развој. Последните пораки од високите европски претставници се јасни и прецизни. Нам ни останува да работиме со граѓаните. Интеграцијата во ЕУ не само што ги засилува реформите туку ја чува традицијата“, рече тој.
За оваа цел е снимен и спот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

