Македонија
(Видео) Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец“, Ахмети и неговите сопартијци го прославија премиерското место
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од прославата на ДУИ за премиерското место на Талат Џафери во техничката влада.
На видеата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и другите членови ги покажуваат црвените вратоврски на кои од внатрешната страна пишува „Премиер Албанец“ и наведен е датумот за кој велат дека е историски за Албанците во земјата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее за историскиот момент.
Артан Груби, неговиот сопартиец, кој во новата влада ќе биде министер за политички систем, објави видео на својот фејсбук-профил. „Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, пишува Груби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир
Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски,истакна дека настаните од 27 април се критичен момент за македонската демократија.
“Додека размислуваме за крвавиот четврток, се сеќаваме на времето кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ, водено од очајна амбиција, покрена насилна толпа која направи хаос” изјави Михаилоски.
Михаилоски нагласи дека денешната демократија во Македонија е директен резултат на спротивставувањето кон таквите сили кои се закануваат уште повторно да го наметнат својот угнетувачки режим.
“Не попуштивме. Застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир од слепилото на омразата,” додаде тој.
Михаилоски, исто така, повика на заедничко дејствување и гласање за поддршка на демократските вредности.
“Овој 8 мај, да застанеме заедно, да гласаме и да ја потврдиме нашата посветеност на иднината која одекнува со вредностите на Европа,” изјави Марко Михаилоски, потенцирајќи на значењето на изборите за секој граѓанин на Македонија.
Македонија
Андоновска: Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“
Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“. Секое пензионерско семејство во Република Македонија независно дали го сочинува еден пензионер или два пензионери мораат да имаат минимална месечна пензија од 25.000 денари, вели носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во Изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска.
– Пример, ако во едно семејство еден пензионер прима пензија од 13.000 денари, низ системот на социјалните пакети ќе добива до задолжителните 25.000 денари кои се неопходни за неговиот живот, да може квалитетно да се храни, да купи лекови кои не се на позитивната листа и да ги плати секојдневните свои давачки, да се загрее како што треба домот, да има пари за превоз и слично.
Цениме дека ова е најцелисходна мерка затоа што сите други мерки кои се нудат од другите политички партии или коалиции, драстично ќе го намалат, ќе го уништат пензискиот фонд и после извесен број на години сите ние ќе бидеме загрозени, значи како сегашните, така и идните пензионери. Многу битна мерка воведуваме, значи пензионерско семејство со загарантирани 25.000 денари на секое пензионерско семејство во Република Македонија – рече Андоновска.
Македонија
Стојчевски: Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики за подобрување на здравствениот систем
Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите. Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата реакција и акција, изјави Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа на ЗНАМ во ИЕ 2.
– Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.
Конкретни мерки од нашата програма се:
-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти
-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти
-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата
-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти
-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.
-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија.
Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование – рече Стојчевски.