Македонија
(Видео) Спасовски за Денот на полицијата: Воспоставивме професионална и стручна полициска служба
Премиерот Оливер Спасовски во видеопораката во чест на 7 Мај, Денот на полицијата и безбедноста, истакнува дека оваа година овој ден се одбележува во вонредна состојба заради здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.
Обраќањето на премиерот Спасовски во видео пораката ви го пренесуваме во целост:
Улогата на полицијата во спроведување на одлуките и мерките на владината стратегија за запирање на ширењето на вирусот е огромна и од исклучителна важност.
Посебно охрабрува дека навистина сме ги донеле правилните одлуки, за што деновиве говорат и бројките на намалени случаи на заболени.
Особено сум горд што ова е успех и на воспоставените норми и концепт за јавниот мир и безбедноста, како гаранција за заштита на човековите права и слободи.
Овој успех е резултат и на воспоставената силна институционална свест и структура како брана против сите тенденции на корумпирање на безбедноста и против ставање на полицијата во функција на злоупотребата и незаконито работење, како што беше до пред три години.
Во таа насока, еден сериозен и значаен дел од енергијата и мерките од реформите беа посветени примарно на генералното подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на правото и законите – а тоа е полицијата.
Во нивното реализирање се водевме од фактите дека интегритетот, опременоста и статусот на полицискиот службеник се императив без којшто е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.
Дека постигнавме многу, најдобро сведочат домашните и меѓународните анализи и истражувања кои потврдуваат дека Република Северна Македонија воспоставува професионална и стручна полициска служба којашто е определена да биде реален и доверлив сервис на граѓаните.
Затоа со право веруваме дека во наредниот период ќе продолжиме да ги јакнеме севкупните капацитети на Министерството за внатрешни работи, за уште подобри резултати во работењето на сите организациски единици.
Нека ни е честит 7 Мај, Денот на македонската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.

