Македонија
(Видео) Спасовски: Исполнувањето на европските стандарди за гранично управување е меѓу најголемите приоритети
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на промоцијата на проектот „Усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување”.
Како што информираат од надлежното министерство, основна цел на овој проект е да придонесе за усогласување на националните системи со стандардите на ЕУ и Шенген во делот на интегрираното гранично управување, а во согласност со целите на националните и европските стратегии за пристапување.
Во своето обраќање Спасовски нагласи дека исполнувањето на европските стандарди претставува наша стратешка определба.
„Поглавјето 24 опфаќа повеќе области меѓу кои и областа – надворешни граници – која според мое мислење, но и според искуствата на новите држави членки на ЕУ, е една од приоритетните области. Свесни за ова, Министерството за внатрешни работи во координација со соодветните институции на национално ниво во процесот на програмирање на ИПА 2016 и секако со поддршка на ЕК и Делегацијата на ЕУ го предложи овој проект и еве денес сме сведоци дека овој предлог и практично се реализира“, посочи министерот.
Заблагодарувајќи се на континуираната помош и финансиската поддршка што ЕУ ја дава на нашата држава, Спасовски нагласи дека исполнувањето на т.н. шенгенски стандарди претставува сложен процес за кој ќе биде потребно долг период за негова реализација.
Од МВР појаснуваат дека проектот финансиран од Европската Унија почнал со реализација од почетокот на февруари годинава и ќе се спроведува во рок од 24 месеци, во рамки на националната ИПА-програма ,за што се издвоени еден милион евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.







Македонија
Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ.
Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација, што е избор со кој ние не сме среќни, но е пат кој тие самите го одбрале. Кога оваа нова политичка симбиоза ЗаеФче се појавува на општествената сцена во Македонија, СДС ја направи маса и послужавник на услуга на сите сили кои сакаат да се послужат со партијата за свои лични интереси.
Венко со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

