Македонија
(Видео) Спасовски: Мицкоски да каже кој го финансира ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на СДСМ и носител на ИЕ 2, Оливер Спасовски, го повика Христијан Мицкоски да излезе и конкретно да одговори во јавноста кој точно ја финансира партијата ВМРО-ДПМНЕ и со какви пари?
Спасовски бара одговор од Мицкоски и уште колкумина од обвинетите и осудените во предметите на СЈО, покрај Орце Камчев, донирале во ВМРО-ДПМНЕ?
„За тоа ли толку се противеше Мицкоски на Законот за јавно обвинителство, за пари и за да штити финансиски криминал?
Мицкоски ова треба да го каже јавно и ако тој не појде сам да им го каже и на институциите, тие се должни да постапат по допрен глас.Христијан Мицкоски е обновен Груевски, јасно е, а на граѓаните обновен режим НЕ им треба. Граѓаните сакаат сигурна иднина и на 15.јули изборот ќе биде Сигурност. Сигурност значи и правда, а ние создадовме основи за правна држава. Со сите кочења и блокирања од ВМРО-ДПМНЕ го донесовме Законот за јавно обвинителство и со тоа е создадена законска основа, сите предмети со висока корупција да имаат судска разрешница“, кажа Спасовски.
„Можеме“, додаде тој, е опција што се грижи и ги штити граѓаните и правдата, а партнерите Мицкоски – Груевски – Камчев и нивните соработници се заштитници на криминалот и нивното место е пред суд.
„Наш прв приоритет во делот на правдата по 15.јули е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат се уште остатоци од груевизмот, кои калкулираат со правдата. На овие избори расчистуваме со остатоците на режимот во правосудството, ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ да се обнови самата себеси, а ние заедно со граѓаните продолжуваме по правиот пат, тоа е сигурна праведна европска Република Северна Македонија за сите“, кажа Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

