Македонија
(Видео) Спасовски: Потребна е квалитетна законска рамка за заштита на барателите на азил
Иако Република Македонија не може да се класифицира како земја која е крајна дестинација во мигрантските движења, туку е само коридор за лицата бегалци, тоа никако не ја исклучува обврската, но и потребата, од донесување опфатна, квалитетна и издржана законска регулатива во поглед на меѓународната и правна заштита, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на втората сесија на работната група IV – Правда, слободи и безбедност (Поглавје 24) „Азил – меѓународна и привремена заштита“ во Скопје.
„Од почетокот на минатата деценија, поточно од 2003 година наваму, проблематиката на азилот имаше свој институционален и нормативен третман, при што тргнувајќи од нашите евроинтеграциски заложби, од императивно значење беше воспоставувањето регулатива што ќе почива врз сите важечки меѓународни правни стандарди и ќе биде во целост хармонизирана со правните практики на ЕУ. Пред два месеца стапи во сила новиот Закон за меѓународната и привремената заштита како своевидна надградба на претходниот Закон за азилот и привремената заштита. Всушност, со овој нов надополнет законски акт се прави значително допрецизирање на одредбите што ги дефинираат статусот, процедурите, постапките во процесот на меѓународната и привремената заштита на лицата бегалци, но и на новините, особено за условите и механизмите за ограничување на правото за слобода на движење на лицата баратели на азил, притоа целосно следејќи ги директивите на ЕУ од оваа област“, рече Спасовски.
Генерално, рече Спасовски, станува збор за квалитетна правна рамка фундирана врз почитување на постојната домашна регулатива, но и врз нашите облигаторни обврски произлезени од декларираната заложба за наше целосно интегрирање во ЕУ. „Оваа правна рамка во периодот што е пред нас треба да резултира со донесување низа подзаконски и други акти што ќе треба да обезбедат институционална оперативност и функционалност на законот, негово системско имплементирање, дотолку повеќе што тој нужно бара повеќеинституционално дејствување, но и зголемување на степенот на регионална и меѓународна соработка, особено во делот на евиденцијата, размената на податоци и информации и слично“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

