Македонија
(Видео) Спасовски: Светот ја поддржува Македонија, да ја прифатиме подадената рака
,,Не смееме ниту во еден момент да ја пропуштиме овааа историска шанса, не смееме да дозволиме да не бидеме дел од овие историски процеси. Како граѓани на Република Македонија, без разлика на која партија и на која нација припаѓаме, без разлика во што веруваме, да не пропуштиме прилика да бидеме генерација која што ќе ја воведе Македонија во НАТО и Европската унија”, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните на општина Бутел.
Министерот Спасовски посочи дека токму доаѓањето на европските лидери во посета на земјава е уште една потврда и признание за нашата посветена работа, дека Македонија постигна напредоци во реформите и покажа дека сака да оди напред, а светот ги отвора вратите за Македонија. Затоа треба да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме светла иднина на нашите поколенија.
,,Членството во НАТО значи безбедност и стабилност, гарантиран територијален интегритет, гарантирани граници, мир и благосостојба за граѓаните . Безбедноста и стабилноста на една држава како што е Македонија не допринесува само за безбедноста на нашите граѓани туку носи безбедност и во регионот. И токму дополнително ја имаме таа одговорност да направиме се и да бидеме дел од тој голем колективен систем на безбедност”, рече Спасовски.
Членството во НАТО значи и економија, затоа што тоа ги охрабрува странските инвеститори, но и домашните компании да вложуваат во земја со стабилна економија.Примерите за просперитет на земјите кои станаа членки во овие два сојуза ги имаме и во регионот. Добиваме раст на животниот стандард, раст на вработеноста, платите, инвестициите, повеќе пари од фондовите на ЕУ за инфраструктура, образование , здравство и во земјоделието, истакна Спасовски. Тој уште еднаш ги повика сите граѓани , да излезат на референдумот 30 Септември и да го дадат својот глас за Европска Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.