Македонија
(Видео) Спиревска: Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија во Судскиот совет
Утрово, во Собранието, пред претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, свечена заклетва дека ќе работат според законите, Уставот и меѓународните договори дадоа новоизбраните членови на Судскиот совет.

Судијката од кривичниот суд во Скопје, Гордана Спиревска, даде изјава во име на сите избрани членови. „Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија“, рече Споревска. Новата членка на Судскиот совет рече дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски, ќе бидат клучни при изборот и унапредувањето на судиите.
За членови на Судскиот совет беа избрани: Киро Здравев од Врховниот суд, за кого сè уште има постапка за утврдување одговрност пред Судскиот совет, судијката од кривичниот суд, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, зет од сестра на досегашната членка на Советот, Александра Зафировска, која го брифира Груевски за изборот на судии и поранешен заменик-министер за правда. Во изборот влегоа Лорета Ѓоргиева од Струмица од апелационото подрачје Штип и младиот Мирсад Суроји, кој е избран за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

