Македонија
(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка
Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да си вдомат свои партиски кадри на кои им ветиле работа уште пред изборите во 2016, обвини дополнителната заменик- министерка за администрација и информатичко општество Невенка Стаменковска-Стојановски во интервју за „Макфакс“. Таа рече дека овие вработени биле казнувани за банални работи, посочувајќи дека човек добил дисциплинска зошто не ја вклучил греалката кога дошол на работа.
„Тортурирани се и казнувани на разни основи, затоа што не се блиски до СДСМ или, пак, воопшто немаат партиска книшка. Едно лице има 4 до 5 дисциплински постапки за разни неважни работи, како што се зошто вклучил или неисклучил греалка, не вратил клучеви и слично. Се знае дека за ова треба само опомена или укажување, а не казна. Намерата им е да се избркаат овие луѓе и да донесат нивни, оние кои останаа невдомени од шарената револуција, потоа партиски тркачи кои треба да им одработат за изборите, а имам информација и дека се вработуваат и нивните претседатели на општинските ограноци. Немам конкретна бројка колку лица им се на список за ваква пресметка, но имам сознание дека само во Генералниот секретаријат на Владата има над 150 изречени дисциплински. И нема да останат само на оваа бројка, имам најава за нов бран кој допрва ќе следи“, рече Стамековска-Стојановски.
Стаменковска-Стојановски посочи дека бројката од 139 илјади вработени не е реална, затоа што тука не биле пресметани привремените вработувања и вработените по договори на дело.
„Бројките не се реални, тоа се само лица на неопределно време. Еве за илустрација, сега имаше оглас за 100 договори во една институција. Имаме случај каде возачот во Град Скопје е вработен како инспектор со несоодветно образование, а извршува должност како шофер. Имате еден куп вакви примери, за кои јавноста нема информација“, рече Стаменковска- Стојановски.
Стаменковска сè уште стои на ставот дека во моментот распишаните над 4.000 огласи за вработување се за партиски поткуп на гласачи пред изборите. Посочи дека огласите треба да бидат разгледани во согласност со дополнителениот заменик-министер и одобрени заеднички , за да не биде нарушен демократскиот процес пред изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

