Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Функционерите од власта да одговорат зошто се фотографирале со бегалецот од затвор

Објавено пред

Избеганиот од Шуто Оризари, Нафи Абдиовски, со единствена затворска казна што чека правосилност, би излегол од затвор на 4 март 2040 година, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој рече дека 16 неправосилни пресуди се со единствена затворска казна од 17 години, 6 месеци и 20 дена.

dobivaj vesti na viber

„Нема сектор за внатрешни работи во Македонија каде што Нафи не е баран за престап. Баран е од СВР Свети Николе, баран е од СВР Кичево, баран е од СВР Тетово, баран е од СВР Штип, баран е од СВР Струга, баран е од СВР Скопје. Осуден на 8 месеци, повратник затвореник, чека правосилност за 16 прекршоци и единствена затворска казна од 17 и пол години, спротивно на законот, наместо во ‘Идризово’, го носат во Шуто Оризари и му даваат оцена да биде во полуотворено одделение и човекот им избегал. Уште едно филмско сценарио, трилер за соработка на мафијата и власта. И никој досега не презел одговорност, ниту ќе има одговорност ниту ќе има оставка. Случајот е сценарио, молкот тоа го потврдува“, рече Стоилковски.

Тој побара од власта да одговори зошто имаат фотографии со осуденикот.

– Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, мора да одговори што бара во прегратка со овој човек, познат на сите СВР во Македонија? Но, и да одговори за врските на Абдиовски со сите негови колеги.

– Министерот Љупчо Николовски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали и во кој дел соработувале? Можеби во делот за борба со корупцијата.

– Министерот за политички систем, Артан Груби, мора да одговори за блискоста и за евентуалната соработка со Абдиовски штом вака интимно се фотографираат?

– Владиниот портпарол, Муамет Хоџа, мора да одговори за блискоста со Абдиовски, очигледна од вакви срдечни фотографии направени срeде Влада?

– Советникот во владиниот кабинет, Љубе Бошкоски, мора да одговори за врската со Абдиовски, дали му е соработник, дали му помага во привлекувањето странски директни инвестиции?

– Владината служба мора да одговори колку пати Абдиовски бил во Владата, кој сè го примил за Абдиовски да има цело портфолио фотографии од Владата, внатре од кабинети, дури и од премиерскиот кабинет.

– Поранешниот владин портпарол, а сега член на кабинетот на Стево Пендаровски, Миле Бошњаковски, мора да одговори на што се должат блискоста и непосредноста со Абдиовски за заеднички фотографии во Владата? Дали можеби имаат фотографии и од посети на Абдиовски и на вилата „Водно“?

– Стево Пендаровски исто така мора да одговори за релацијата со Абдиовски како очигледен член на неговиот изборен штаб и заедничките фотографии?

– Довчерашниот министер, па владин советник, сега амбасадор во чекање, Едмонд Адеми, за амбасадорското место во Мадрид, мора да одговори кога го примил и за што разговарал со Абдиовски, колку се блиски за вакви фотографии да излегуваат од министерски кабинет кога беше министер?

– Томислав Тунтев, но и Агенцијата за цивилно воздухопловство, чиј директор е, мора да одговори што барал Абдиовски во директорскиот кабинет, каква врска има меѓу нив двајцата, каква работа има Тунтев со човек баран од сите сектори за внатрешни работи наместо да работи и да ги заработи оние 3.300 евра плата месечно?

– Миле Зечевиќ, но и СДС, мора да одговори за врските на генералниот секретар на СДС со Нафи Абдиовски, за неговата улога во изборните процеси во Македонија?

– СДС и владината служба мора да одговорат и за врските на Абдиовски со Зоран Заев, фотографија во неговиот кабинет со Мила Царовска, долгогодишна министерка во Владата на СДС.

– Понатаму, врските на Абдиовски со поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири.

– СДС и Владата мора да одговорат на врските на Абдиовски со експратеникот, сега професор на Факултет за безбедност, Павле Богоевски. СДС мора да одговори за фотографиите и блискоста на овој баран човек од сите сектори за внатрешни работи во Македонија со поранешниот генерален секретар, Кирацовски, како и за редица пратеници, функционери, познати лица на СДС.

– Собранието, ама и ДУИ, мора да одговори што бара Талат Џафери да се фотографира со човек познат на сите СВР во државата?

„Почитувани, оваа низа нема крај. Се работи за човек за кој постојат сериозни врски со СДС, со Владата, а има значително сериозно досие. И СДС повторно ќе глуми дека нема одговорност за неговото бегство, дека нема врска со него, ќе ги чува милениците директори, а од затвор излегуваат сите што поседуваат владин ‘фемили’ фотоалбум.

Со сите овие ликови, во портмонето на сите криминалци, ниту реформи ќе има ниту правда во Македонија е можна. Во затвор одат само оние што не ѝ слугуваат на мафијата, оние што немаат врска со СДС и со ДУИ.
Вакви бегства не се случајни, затоа потребна е сериозна истрага што се случува со затворите, а тоа невозможно со овие лица на власт. Бараме оставка и одговорност веднаш, првин од Филип Андов-Сокол, директор на затворот во Шуто Оризари, а претходно советник на Заев, како и оставка од сите во Владата.

Оставка, избори, па право и правда“, рече Стоилковски.

Македонија

Гаши на Националниот молитвен појадок во САД

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.

На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.

dobivaj vesti na viber

Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.

„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.

Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.

Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите

Објавено пред

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.

dobivaj vesti na viber

„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.

Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија12 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија14 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија14 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија15 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет15 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија16 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија17 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија18 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија18 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија18 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет18 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет18 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет20 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет20 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет21 час

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет21 час

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа21 час

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...