Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски:Владата ја почна постапката за уставни измени, а Договорот е спротивен на Уставот

Објавено пред

Има најмалку 30 причини зошто однесувањето на оваа криминална власт се оценува како насилство над демократијата, насилство над уставниот поредок, насилство врз волјата на граѓаните. Покрај тоа што се крши волјата на граѓаните, предлогот за пристапување кон измена на Уставот од формално-правна, но и од материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците во Собранието, бидејќи истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од Уставот, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, Владата ја почна постапката за уставни измени, а Договорот е спротивен на Уставот и не е објавен во ,,Службен весник”.

,,Ниту Договорот е во согласност со Уставот, а уште помалку е во согласност со Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Во чл. 118 од Уставот стои дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот, што значи со закон објавен во „Службен весник“, се дел од внатрешниот правен поредок.Овој договор не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата и не може да биде основа за менување на Уставот.

Исто така, со предлогот за пристапување кон измена на Уставот не се почитува волјата на над еден милион и двесте илјади граѓани кои не го прифатија Договорот од Преспа како основа за менување на Уставот. Волјата на граѓаните изразена на референдум согласно Уставот е задолжителна за власта! Тоа е суштината на демократијата”, вели тој.

Стоилковски додава дека Уставот не прави разлика меѓу консултативен и задолжителен референдум, туку вели дека одлука донесена на сите видови референдуми е задолжителна, бидејќи волјата на граѓаните е суверена и е над власта.

,,Загрижува и фактот што Министерството за правда се иззема од уставните измени и како надлежен претставник го става министерот Никола Димитров како шеф на МНР што е до сега невидена пракса. Секогаш измени на Уставот предлага Министерството за правда овој пат одлучи да избега од процесот од необјаснети причини.

Продолжуваат манипулациите на власта за смена на Уставот и покрај јасно изразената волја на граѓаните изразена на референдумот. Граѓаните со апстиненција испратија гласна порака дека капитулантскиот договор не се прифаќа, Таа треба да биде испочитувана од сите пратеници, од сите институции, првенствено Собранието кое што го распиша референдумот, а потоа и од извршната власт. Зоран Заев не е, ниту може да биде над народот. Собранието мораше да го испочитува отфрлањето на капитулацијата преточена во Договорот од Преспа. Јасен е теророт на власта во силувањето на демократијата, прво со непочитување на референдумот и во кампања и резултатот од него; терор врз Уставот и законите, и сега политички недемократски терор преку закани и трговијата со правото и правдата”, додаде тој.

Македонија

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

-Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата. Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2), се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Објавено пред

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.

Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.

Увидот во несреќата е во тек.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Објавено пред

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.

dobivaj vesti na viber

„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија47 минути

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија60 минути

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 час

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет2 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет2 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет2 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет3 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет3 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија21 час

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија1 ден

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија1 ден

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет1 ден

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет2 дена

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет2 дена

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет2 дена

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...