Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Георгиевски потрошил 2,5 милиони денари на фиктивни договори со новинари и режисери

Објавено пред

Екс градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски од Социјалдемократскиот сојуз ангажирал новинари и режисери за над 2,5 милиони денари општински пари, објави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека станува збор за фиктивни договори поднесени од општината, за ангажман во траење од една година, односно до локалните избори.

„Со потпис на Борис Геогиевски од антимакедонската СДС поранешен градоначалник на Гази Баба, само за ангажирање на четири лица коишто во општината немаат поднесено ниту еден извештај за завршена работа, се дадени над два милиони денари, преку повеќемесечни договори. Најмногу, над еден милион денари се исплатени на Бојан Кордалов, редовен аналитичар на медиумите за социјални мрежи, како и координатор на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Тука е и Љубиша Станковиќ новинар познат како советник во премиерскиот кабинет на СДС истовремено додека беше и новинар на национална телевизија, за една година му се исплатени над 347 илјади денари од општина Гази Баба. Исто толку се исплатени и на Санта Аргирова, уште едно звучно новинарско име, додека на Томислав Живковиќ, режисер, се исплатени околу 278 илјади денари. Вкупно, над два милиони денари општински пари исплатени на новинари, режисер и експерт за социјални мрежи“, изјави Стоилковски.

Дополнително, половина милион денари биле исплатени и на четири други лица за проект наречен „Убавините на Гази Баба“ – документарен серијал. Ним парите, како што истакна Стоилковски, им се исплатени, но филм нема, серија нема, ниеден материјал или извештај нема поднесено до општина Гази Баба. Парите им се исплатени иако согласно договорот пари требало да добијат дури откако филмот ќе се реализира.

„За сето ова уште во јуни е поднесена официјална претставка до ДКСК, но ете и по три месеци се уште нема одговор од таму. Нема одговор за што биле ангажирани, што сработеле, за што му биле потребни на Борис Георгиевски и на антимакедонската СДС овие лица во изборна година?“, прашува опозициската партија.

Македонија

Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Објавено пред

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство.

dobivaj vesti na viber

„Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство. Имено, според соопштението на самото Јавно обвинителство Куманово се вели: „При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.“, велат оттаму и додаваат:

„Оттука произлегува дека осомничената В.И. од Кратово самата била жртва на семејно насилство. Постапувањето на Јавното обвинителство многу наликува на случајот на Пале Иловска од Велес која исто така беше долгогодишна жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот. Слично, како во овој случај и неа Обвинителството ја гонеше за „убиство на миг“. Судот тогаш правилно донесе ослободителна пресуда“.

Платформата за родова еднаквост бара Судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Иако судската пракса не е задолжителна, бараме Судот да ги земе предвид принципите утврдени со ослободителната одлука во случајот на Пале.

„Особено, треба да се има предвид историјата на насилството и малтретирање врз жртвата В.И. и да се земе предвид дека и децата биле жртви на семејно насилство, како и институционалниот пропуст да ја заштитат жртвата, оставајќи ја сама да се брани. Ова не е прв случај кога жените што претрпеле семејно насилство не само што не биле заштитени од страна на надлежните институции, туку истовремено и самите биле пријавувани и третирани како сторители на семејно насилство. Бараме ова да биде последен случај на погрешно третирање на семејното насилство и повикување на одговорност на жените кои се најмногу погодени од насилството, вклучително и од отсуството на навремена и соодветна реакција од институциите. Платформата за родова еднаквост ќе се обрати до Центарот за социјална работи и до полицијата за да се утврди зошто и како настанал пропуст во овој случај и дополнително ќе го следиме постапувањето на надлежните институции. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, во што голем удел имаат и медиумите кои мора да известуваат согласно етичките стандарди и да внимаваат да не придонесуваат за двојна виктимизација. Тоа ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство“, велат од платформата за родова еднаквост.

Адвокатот Јанаки Митровски на својот профилн на Фејсбук се огласи за случајот во Кратово.

„Жената во Кратово не уби, се бранеше. Ако некој го знае семејството нека ме контактираат“, посочи тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од четврток почнува електронското пријавување за упис во средно образование, ќе трае до 25 јуни

Објавено пред

Првото електронско пријавување за упис во средното образование за 2024/2025 ќе се одржи од 20 до 25 јуни до 15 часот. Второто пријавување ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.

dobivaj vesti na viber

Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.

Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

“Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава”, посочи МОН.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Објавено пред

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа.

dobivaj vesti na viber

Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Мандатарот во неделата ги предложи досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Мицкоски кажа дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту пак неговиот албански коалициски партнер ВРЕДИ да стане како ДУИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во провалија длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет2 часа

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија2 часа

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет2 часа

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет2 часа

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, за првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет2 часа

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет2 часа

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ14 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized15 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија17 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ18 часа

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија21 час

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија21 час

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура1 ден

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија1 ден

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија1 ден

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Македонија1 ден

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион1 ден

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија1 ден

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...