Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството

Објавено пред

Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстен систем во Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Столковски.

dobivaj vesti na viber

„14-ти ден! И ден – петок. Што значи, со СДС/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги.

Ова е вистинското светло во коешто ќе блеснеше и иднината заедно со европскиот фронт. 14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството.

14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс.

14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност – владата на СДС/ДУИ.

Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост“, истакнува Стоилковски.

Срамно и недостоинствено, е додава тој, но својствено за СДС/ДУИ.

„Нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за има провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак.

14 дена, 12 оддели на хирургија, оставени во хаос, ништо не се презема. Клиниката за Хирургија е клучниот момент на Клинички, по правило врвот на здравствениот систем, а со ова терцијалното здравство во Македонија е доведено во колапс.

Одговорност ќе има“, прецизира тој.

Македонија

„Братството на Заев и Пендаровски со Борисов ја чинеше Македонија бришење на идентитетот и јазикот, чија агенда спроведува СДС и Филипче“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев, Бојко Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Резолуцијата на Европскиот парламент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Поданичката политика на Заев и СДС во надворешната политика кои наместо да ја штитат државата и националните интереси, ја доведоа државата во ќорсокак, како и можност за понатамошна блокада од страна на Бугарија со дополнителни барања.

СДС, Заев и Филипче со својата сервилност отидоа дотаму што отворено покажуваат дека се спремни и да се откажат од националните обележја, само да дојдат повторно на власт.

Дали СДС, Заев и Филипче се директно вмешани во иницијативата која ја понижи Македонија?

Со оглед на фактот дека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти како и јазиците, се поставува прашањето дали СДС стои позади оваа антимакедонска иницијатива?

СДС делува како заштитник на бугарскиот наратив а во тоа секојдневно се приклучува по некој кој е дел од нивните структури, последен во низата е Андреј Жерновски.

Наместо конструктивна опозиција и лобирање во насока на заштита на македонските државни интереси, СДС повторно избра да брани туѓи агенди и да ги штити бугарските интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

Објавено пред

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот од 9 точки” за Косово.
Наместо да ја користи својата позиција за унапредување на мирот, стабилноста и суверенитетот на Косово, Османи се претвори во инструмент за промоција на интересите на Белград и режимот на Александар Вучиќ, велат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

„Под превезот на „деескалација“, Османи предлагаше решенија кои директно го подриваа државниот суверенитет на Косово, го негираа демократскиот избор на граѓаните и отвараа простор за создавање на паралелни структури, спротивно на уставниот поредок на Косово.

Најпроблематични точки од дејствување на Бујар Османи кон Косово се:
Повикување на оставки на легитимно избрани градоначалници, што претставува опасен преседан со кој се казнува демократскиот процес само затоа што резултатите не и одговараат на Србија.
Условување на Косово да ги повлече безбедносните сили од сопствена територија, додека за Србија се бараше само симболично „намалување на борбената готовност“, што го нарушува принципот на еднаквост и суверено делување.
Наметнување на ОБСЕ како посредник во изборните процеси, иако Косово е независна и функционална држава со сопствени институции и изборен механизам“.

Сето ова, како што оценуваат во „Вреди“ е дел од опасна стратегија за репакување на старите барања за „асоцијација на српски општини“, со кои се отвора пат за создавање на „Република Српска“ во Косово.

„Чуден е ангажманот на Бујар Османи во таа насока. Таквите модели промовирани од него, наместо да го гарантираат мирот, го цементираат влијанието на Србија и ги продлабочуваат поделбите.

Бујар Османи, кој требаше да биде дипломат од регионален интерес за Албанците, стана гласноговорник на Вучиќ. Наместо да ги штити правата и интересите на Албанците во Македонија и во регионот, тој отворено работеше против нив и во Косово, и во Македонија.

Граѓаните на Косово имаат право на самостојност, без мешање, условувања и тајни договори на трета маса. Косово не смее да биде предмет на калкулантски надворешнополитички потези, ниту монета за поткусурување на ничии кариери“.

„Вреди“ повикува на преиспитување на улогата на Бујар Османи во ОБСЕ, поради, како што подвлекуваат, отворена пристрасност и отстапување од мандатот.

„Стануваат јасни многуте средби со функционери од Србија на Бујар Османи. Жално е што човек од Скопје работеше против интересите на Косово. Косово не смее да биде жртва на политички и кариеристички амбиции на Бујар Османи“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„За студентите по 250 евра за електронски уред, за пензионерите зголемување 2000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите граѓани. Собранието донесе закони со кои се подобрува животниот стандард на студентите и пензионерите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Студентите ќе добијат по 250 евра или 15.300 денари за електронски уред. Секој студент запишан во учебната 2025/2026 година, на државните или приватните универзитети, ќе добие 250 евра ваучер за купување на електронски уреди. Оваа мерка ќе опфати над 55 илјади студенти, 55 илјади електронски парчиња коишто ќе бидат наменети за студентите.

За разлика од минатите влади на СДС и ДУИ кои ги заборавија пензионерите, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни чекори. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите категории на граѓани со цел поквалитетен живот и зголемување на стандардот.

Зголемување на пензиите за сите пензионери за 2.000 денари. Ова зголемување заедно со претходното од 5 000 денари значи вкупно зголемување од 7 000 денари по пензионер месечно. Грижата за пензионерите останува еден од клучните приоритети во социјалната политика.

Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку конкретни мерки е стратешка цел на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Преку повисоки плати, пензии и поддршка на ранливите категории до поголема економска сигурност на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Мицкоски: СДС се сведе на застапник на бугарската пропаганда во Македонија и е рака за спас на ДУИ и Ахмети на следните избори

Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто...

Топ37 минути

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет1 час

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет3 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет3 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардираше, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија3 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија13 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија15 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија16 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија19 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ20 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија20 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија22 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет22 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион24 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа24 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ1 ден

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет1 ден

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа1 ден

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...