Македонија
(Видео) Стоилковски: Заев и неговата влада на подавалник ги дадоа националните и државни интереси
Измина година во која октроираната власт на Заев, Ахмети, Гаши, Тачи, Амди Бајрам, Милевски и Тито, заедно во власт за една намена, ги срушија темелите врз кои долги години опстојуваше Република Македонија. Измина година на лаги, расипништво, пропаѓање на секој план, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Ветија одговорни и департизирани институции во служба на граѓаните, а добивме партиски и клановски башибозук во служба на криминалниот картел на Заеви! Ветија независно и праведно судство, добивме партиски полтрони, исплашено судство кому премиерот му ги диктира пресудите! Најголемата судска реформа е ослободувањето на Заев за корупција. Ветија политика која нема да биде надредена над правото, а добивме владеење на улицата и криминалот. Пајаци ги тепаат полицајците! Така изгледа департизацијата, деполитизацијата и професионализацијата со оваа власт“, рече Стоилковски во своето обраќање.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети и на ветувањето според кое бројот на министри во Владата од 26 требало да се намали на 20.
„Не само што не е намален, згора на тоа и кабинетскиот персонал е зголемен со таканаречени револуционери и послушници како советници. Буџетот наместо за капитални инвестиции се користи за намирување на коалициските договори. Министерството за култура финансира песни и концерти за величење на Адем Јашари. Музејот на Македонска борба за самостојност, за 200 настани има во просек по 1000 денари за настан. Музејот од министерството добива исто толку пари, колку што даде и за издавање на книгата ‘Тумори на мочниот меур’, како дело со уметничка вредност“, обвини Стоилковски.
Тој исто така рече дека Заев јавно, гласно и недвосмислено, сосема го отворил патот за прифаќање на целосна измена на Уставот со бришење на сè што значи Македонија и македонско од него.
„Заев ги наруши не само црвените линии во разговорите со Грција под покровителство на ООН, не само што го напушти го форматот на преговорите туку и без каква било консултација или споделување информација целосно ги даде на подавалник националните и државните интереси и сè што значи македонски вредности на оние националисти коишто го негираат македонското постоење“, нагласи Стоилковски.
На крајот, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека трпението во Република Македонија за ваква власт одамна е завршено и дека крајот на истата ќе почне в сабота, односно со митингот на опозициската партија на втори јуни во 20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.