Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски учествувал во нелегалното прислушување во 2015 година
Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали и каква улога имал Зарко Милошевски, новиот директор на АНБ, пулен на Зечевиќ и Ковачевски, во скандалот со нелегалното прислушување во 2015-та година? УБК во 2015-та година беше дел од МВР со полициски овластувања во состав на правосудна полиција да собира докази и гони сторители на кривични дела против државата, а Зарко Милошевски во 2015-та година е началник на единицата за екстремизам, односно еден од началниците од тимот на тогашниот директор на УБК, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоикловски истакна дека Ковачевски и Зечевиќ повторно одмолчеа за што е награден Зарко Милошевски со директорското место во АНБ и дали е тоа за државјанството за Онишченко? Одмолчеа и на прашањата за улогата на Зарко Милошевски на 9-ти мај 2015-та година и дали е негова одговорноста за лошата проценка на УБК каде што Зарко е началник на единицата за екстремизам? Молкот за овие прашања повторно фрла сенка и гради недоверба во безбедносниот систем и него го прави порозен!
Македонија тоне од криза во криза, заради партизација на клучните институции, криминалот и високата корупција, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

