Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски и СДС да одговорат каков разработен план добиле од тиранската средба
Фалењето на тиранската средба од страна на Димитар Ковачевски е потврда за сè она што го кажавме за таа средба! Премиер се фали што лидери на политички партии се среќаваат, како ученичиња запишуваат задачи од премиер на соседна држава. Премиер во нормална држава би го осудил таквото однесување, Димитар Ковачевски тоа го пофали затоа што се работи за интерес за пари и за спас на неговата политичка кариера, истакна на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа, Димитар Ковачевски молчи што е тоа што треба да му исполни на Али Ахмети од тиранската средба во замена за останување на власт и продолжување на коалицијата на криминалот и корупцијата? Од јавен интерес е Димитар Ковачевски да соопшти што е тоа на што без приговор се потчини пред испорачаното од Тирана одобрено преку празни флоскули и ловорики кон премиер на странска држава? Дали и кои бизнис-интереси се побарани, дали и кои отстапки се побарани, дали и кое предавство е на маса? Ова што го прават Ковачевски и Ахмети нема врска со положбата на Албанците во Македонија, туку со криминални интереси и тендери за поединци“, вели Стоилковски.
Според него, однесувањето на Димитар Ковачевски и СДС е само потврда дека тиранската средба е на барање на Ковачевски за спас на фотелјата и политичката кариера преку отстапки и предавства, а за возврат да се реализираат агенди на штета на Македонија.
Оценува дека вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па се подготвени да исполнат сè што ќе се побара од нив на штета на македонските интереси, само и само за продолжување на мандатот на криминалот и корупцијата!
„Димитар Ковачевски и СДС мора да одговорат каква агенда и план разработен на оваа средба добиле на маса за продолжување на агонијата и тонењето на Македонија? Одлуките за Македонија мора да се носат во Македонија и по промената на власта, ќе се престане со оваа практика за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“, посочи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

