Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ
Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ, со што директно го прекрши Законот за високото образование, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него, Ковачевски уште не дојден на позицијата премиер, во стилот на својот наредбодавец Заев, почнал со кршење на законите.
„Пионот на Заев, Димитар Ковачевски, во својот ИО го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн. Со тоа прекршен е Законот за високото образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година во владеење на СДСМ. Ова зад мене е дел од законот, член 114, став 3 е дециден – вршењето на должноста декан и продекан е неспоиво со вршење друга јавна функција или функција во политичка партија. ИО на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија. И пионот на Заев, Ковачевски, но и деканот Ралев, одлучил да го прекрши Законот за високо образование“, рече тој.
Нагласи дека бараат пионот на Заев, Ковачевски, како што го нарече, да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот одбор на СДСМ или, пак, Ралев да си поднесе оставка од позицијата декан.
„Истовремено, по ваквото именување, но и прифаќање на Ралев да биде дел од Извршниот одбор на СДСМ, со што го крши Законот за високото образование, очекувано е тој да се повлече од функцијата во високото образование. Сѐ поинаку е доказ за натамошна партизација, тонење во хибриден режим, тонење во заевизмот“, истакна Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

