Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски, освен декан, именувал и продекан во извршниот одбор на СДСМ
Образованието тоне, а Ковачевски го разорува со незаконски одлуки, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Пионот Ковачевски, вели тој, по принципот на својот наредбодавец Заев, уште не седнат на премиерската фотелја, грубо крши закони именувајќи декани и продекани во партиските тела.
„Ковачевски спротивно на законот во ИО на партијата, високо партиско тело, ја именува доц. д-р Ана Данева-Маркова од Клиниката за гинекологија, која е продекан за специјализации и супспецијализации на Медицинскиот факултет при УКИМ. Пионот Ковачевски на најгруб начин го крши Законот за високото образование, донесен од СДСМ во 2018 година, кој е дециден дека вршењето на должноста декан и продекан е неспоиво со вршење друга јавна функција или функција во политичка партија. Ковачевски, спротивно на законот, ги именува Ана Данева-Маркова, продекан на Медицинскиот факултет, како и Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на високи партиски функции, како членови на Извршниот одбор на СДСМ“, истакна на прес-конференцијата Стоилковски.
„Ова е грубо кршење на законот и ова е целосно непочитување на законот и од пионот Ковачевски, но и од двајца професори, декан и продекан на факултети, кои спротивно на законот прифатиле високи партиски функции. СДСМ за овој скандал молчи и бега од јавноста“, додаде тој.
Очекува, како што рече, во најмала рака Ковачевски да ги изземе двајцата професори декан и продекан од ИО на СДСМ, но и професорите, поради ваквото, како што го нарече, најгрубо кршење на законот, како морален чин двајцата да се повлечат од функциите во високото образование.
„СДСМ со пионот Ковачевски не го напушта владеењето на Заев, за СДСМ не постојат закони, дури ниту оние што сами ги носат, а Македонија сѐ подлабоко тоне во кризи и партизации“, смета Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

