Македонија
(Видео) Стоилковски: Корупцијата изгоре 60 луѓе, никој не одговара
„Седум месеци, повеќе од 210 денови минаа од пеколниот пожар во модуларната болница во Тетово, 14 живи пациенти пеплосаа. Три месеци и две недели, повеќе од 110 дена минаа, од пеколот во автобусот на смртта на автопатот Струма во Бугарија, 45-мина живи изгореа“, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„150 денови минаа откако Вилма Русковска изјави дека цитирам ‘нема ништо конкретно’ од истрагата за модуларната. 130 денови минаа од изјавата на Пивоваров, национален координатор за гранично управување, дека патниците се виновни затоа што не ја провериле лиценцата на автобусот. 80 денови, повеќе од 10 работни недели минаа, откако се пристигнати седумте страници за превод од Германија, извештајот за несреќата во Тетово. 140 денови минаа откако Руфат Хусеини, директорот на Државниот инспекторат за транспорт, изјави дека се обиделе, но не успеале да извршат контрола во просториите на фирмата ‘Беса транс’, 19 недели минаа откако Љубомир Јовески заедно со Вилма Русковска беа во Бугарија по несреќата со автобусот и уста не отворија од тогаш за случајот“, додаде тој.
Стоилковски наведе дека 110 денови царината проверува како тоа автобус без лиценца минувал граница.
Потенцира дека Вилма Русковска сè уште е обвинител, Љубомир Јовески на крај од мандатот се моли за уставен судија, Оливер Спасовски сè уште е министер за полиција, Љупчо Путер Николовски е министер за земјоделство бидејќи му се укина министерството за борба со корупција.
„Заев и Филипче од страна ќе отворале фондација. Влакно не им фали. 60 луѓе живи пеплосаа, 60 луѓе се очигледни жртви на криминал и корупција, никому влакно не му фали, никој не понесе одговорност! Никој, ама никој не одговараше за тоа! Корупцијата изгоре 60 луѓе, никој не одговара. Со вакво заробено правосудство од тандемот СДСМ-ДУИ, со влада на СДСМ-ДУИ, секој ден минат во Македонија е ден минат со висока корупција и криминал!“, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницира вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат по што ќе следува и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со Инспекторатот ќе постапи професионално, стручно и транспарентно со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивањето на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.

