Македонија
(Видео) Стоилковски: Македонија е поважна од чија било лична судбина, пратениците мора да одолеат на притисоците
Ако минатите месеци бевме сведоци на насилно туркање на уставните измени, денес насилството засилува и кулминира. Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели – за да ги поддржат уставните измени, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Имаме неформални сведоштва од луѓе чијшто идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници коишто се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија“, посочи партискиот портпарол.
Стоилковски наведе дека Македонија станува окупирана држава од луѓето коишто се на власт и на сила го менуваат името.
„Според непотврдени информации, дел објавени од медиумите, поранешни функционери од нашата партија, уценети со случаите, дел од политичкиот прогон, под закана за нивната слобода, се ставени во функција да убедуваат со јавувања по пратеници нивни роднини и пријатели. Против овие луѓе коишто сега се притиснати да работат за Зоран Заев има конструирани обвиненија и судски случаи. Сега оние коишто не издржаа, на овој начин се борат за свое опстојување на слобода“, истакна портпаролот на опозициската партија.
Меѓутоа, Стоилковски исто така нагласи дека Македонија е поважна и побитна од чија било лична судбина и повика да се ослободат од притисоци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ коишто веќе донеле одлука да не учествуваат во насилната промена на Уставот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.
АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.

