Македонија
(Видео) Стоилковски: Наместо жичница до Водно, Шилегов изградил лифт во својата дивоградба
Скопјани останаа без жичница до врвот на Водно, ама Шилегов си вградил лифт до врвот на неговата дива надградба тука во Скопје, обвини денеска портпатолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Скопје нема ниту еден нов изграден паркинг, ама Шилегов си изгради паркинг за луксузните возила. Скопје нема Универзална сала, ама Шилегов си изгради нов кат, цел на диво“, рече Стоилковски и запраша која семејна куќа со дозволена висина од 8,8 метри има потреба од лифт, како и колку чини поставување приватен лифт во семејна куќа.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека скопјани се’ уште немаат одговор за, како што кажа, градежните тендер скандали со потпис на Шилегов.
„Скопјани немаат одговор кој се’ му гради на Петре Шилегов и дали за тоа тој воопшто плаќа? Скопје нема Универзална, Скопје нема нов паркинг, Скопје нема жичница до Водно, Скопје нема Луна парк, Скопје нема ниту езеро Треска, а Петре Шилегов проектира четири години цртани филмови и при тоа се богати“, обвини Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

