Македонија
(Видео) Стоилковски: Наставничка, кадар на СДСМ, е вработена во АЕК за плата од 55 илјади денари
Партиската функционерка на Социјалдемократскиот сојуз, Емилија Костурски е вработена во Агенцијата за електронски комуникации за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот? Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?“, рече Стоилковски.
Додаде дека Македонија тоне во кризи и во сиромаштија, а буџетот се користи за вработувања на партиските миленици на ДУИ и, како што рече, антимакедонската СДС.
„Половина милион граѓани живеат во сиромаштија, со енергетската криза предизвикана од криминал ја доведоа државата во банкрот, ама важно е кадарот на ДУИ и на антимакедонската СДСМ да биде ухлебен. Наместо да се занимаваат за струја, за гас, храна, млеко, наместо да се борат со растечката инфлација, тие го користат буџетот за вдомување на свои миленици во администрација и плата од празниот буџет. Ова почитувани мора да има крај и затоа се потребни итни тројни избори, парламентарни, претседателски и Референдум“, додаде Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

