Македонија
(Видео) Стоилковски: На Македонија ѝ требаат нови лица во политиката
„На Македонија ѝ требаат нови лица во политиката коишто ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната партиска етничка или верска припадност. Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво – полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта“. Ова се зборовите на Стево Пендаровски, за време на кампањата во 2014 година, кога катастрофално беше поразен од граѓаните! Дали сега Стево Пендаровски во Гостивар и Врапчиште, каде што ги имаше кажано овие зборови повторно ќе се претставува како ново лице? Ќе ја повтори ли оценката за криминалот и безбедноста, кои што сега, за жал, се во многу полоша состојба? Ќе даде ли оценка за „подобноста“ за вработувањата во администрацијата или, пак, за добивање стипендии од 40 000 долари?, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова т.н. „новото лице“ на Пендаровски, истата година во Крива Паланка порача дека ако станел претседател: „Немам намера да потпишувам закони коишто важат за една група граѓани“!
„Колку групи граѓани разликува Пендаровски? За која група на граѓани тој го гласаше законот за двојазичност? Останува ли на поделбата на групи: оние коишто тој ги нарекува стока во трло и оние кои се негови блиски? Почитувани, заевизмот на власт повторно ви нуди стари истрошени ликови, претставувајќи ги како нови. Всушност, заевизмот и го нуди Пендаровски како докажан послушник, поддржувач и извршувач на заевизмот. Пендаровски е докажан, еднаш легитимираше криминални крвави избори, што ли сега е способен да легитимира за партиски цели?
Почитувани, граѓаните го препознаа заевизмот, власта тоне, но во своето тонење се најопасни. Не смее да се дозволи Македонија целосно да падне во рацете на заевизмот. Заедно ќе го турнеме овој деспотски режим којшто повторно во обланда наречена Стево Пендаровски нуди обесчестување на државата и на македонскиот народ! Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ. Победник и нов претседател на Република Македонија е Гордана Силјановска-Давкова”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

