Македонија
(Видео) Стоилковски: На минусни температури граѓаните се туркаат пред импровизиран пункт за лични документи, наместо ред, Спасовски продуцира неред
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека, наместо ред, Оливер Спасовски, кој е на чело на МВР, продуцира неред.
Повеќе од еден месец, според него, МВР не е во состојба да издаде лични документи за македонските граѓани, а тие да се чувствуваат достоинствено.
„Неспособноста на Оливер Спасовски ги остави луѓето надвор на минусни температури и на загаден воздух да чекаат и да се туркаат пред импровизиран пункт и пред пунктот за издавање лични документи.
Ова е повеќе од срамно. Спасовски знаеше дека ќе има навалица, но повеќе го интересира кампањата за себепромоција.
МВР со Спасовски подостоинствено се постави пред 215 светски криминалци, им организира издавање пасоши, отколку кон своите граѓани“, додава Стоилковски.
Оценува дека цел месец сега МВР нема систем, нема ред, има импровизација за лични документи и на место е прашањето дали се внимава кој сѐ можеби ќе добие македонски пасош.
„Доаѓа ден за одговорност, народот ќе им ја испорача сметката“, порачува Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

