Македонија
(Видео) Стоилковски: На фирми блиски до власта им се дозволува согорување кокс и гума

Зоран Заев и бизнис-олигархијата поддржана од власта ги трујат граѓаните. На фирми блиски до власта им се дозволува согорување кокс и гума, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Скопје секој ден се заушува. Заев и Шилегов ништо не преземаат. Власта мора да одговори кој, зошто и на кои фирми им дозволи во Македонија да горат цели бали со бојадисан текстил и нафтен кокс со 18 отсто сулфур. Отровниот воздух се шири насекаде, а последица се полните болници“, рече тој.
Според Стоилковски, Скопје не го гори својот отпад, туку отпадот од голем број земји во светот.
„Горењето отпад од толкави размери не може да е без знаење на Заев и Шилегов.
Според податоците што ги објавија медиумите, само во февруари оваа година во државата е увезено и изгорено повеќе од 40.000 тони нафтен кокс во 8 фирми. Додека граѓаните се задушуваат и заболуваат од тешка болест, на сметка на нивното здравје некој заработил 12.000.000 евра за еден месец“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.
Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. Стабилизарање на водоснабдителниот систем се очекува во период по 23 часот.
„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл“, велат од Водовод.
Од таму апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
Апел до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected]или www.vodovod-skopje.com.mk
Со дивите приклучоци, велат од Водовод, се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје
Македонија
Поради пожар без вода ќе бидат Чаир и Железара

Поради денешиот пожар има прекин на електричната енергија во пумпена станица Гази Баба која го снабдува со вода резерварот Гази Баба, информира Центарот за управување со кризи.
Од таму велат дека поради прекин со електричната енергија од страна на ЕВН можни се прекини во водоснабдувањето на населените места Општина Чаир и Железара.
Македонија
(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа произлегува од последните настани, кои се случуваат во оваа јавна установа, во која за помалку од еден месец пцовисаа повеќе животни, изјави советникот Стефан Кирков.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека ги побаравме одговорите од менаџментот на оваа установа, но како и секогаш, тие се на целосно игнорирање кога се работи за прашања поврзани со оваа установа и немаше никој да нѐ испочитува и да ни каже што конкретно се случува во оваа установа. Оттука, сакаме да ја информираме целата јавност дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, кога се работи за Зоолошката градина и сето она што требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано“, рече тој.
Кирков рече дека за кратко време пцовисале повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности.
„Исто така, сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава, АХВ веднаш постапи и направи вонреден инспекциски надзор и, според нашите сознанија, констатирани се низа прекршоци и изречена е финансиска казна за правниот субјект и за директорот затоа тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами, кои починале неодамна, пред неколку дена, т.е. за што е констатирано и дека имале една заразна болест туберкулоза, болест која е пренослива, замислете и на луѓе. Исто така, од страна на АХВ констатирано е дека и другите две лами ги имаат симптомите на туберкулоза и наредено е веднаш да бидат изолирани од посетителите и од другите животни“, рече Кирков.
Тој додаде дека во ЗОО се работи тотално аматерски.
Кирков побара оставки од целиот менаџмент на установата, како и брза реакција на градоначалничката на Скопје поради тоа што, кко што рече, сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови.