Македонија
(Видео) Стоилковски: Овие фотографии покажуваат дека Шилегов без дозвола си ја надградува зградата
Ова се фотографии од семејната зграда на Петре Шилегов направени вчера. Тука најдобро се гледа линијата до каде бил покривот, се гледа и линијата до каде бил сртот и што е над тоа градено, објасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што рече тој, реконструкција на еден објект значи негово задржување на обемот, висината, ширината и на должината.
Во случајот на Шилегов, нагласи Стоилковски, станува збор за надградба.
„За тоа Петре Шилегов нема дозвола. Надградба без дозвола е криминал!“, обвини партискиот портпарол.
Според него, една од фотографиите покажува менување на големината на објектот во споредба со соседите од лево и од десно.
„Распуканите ѕидови уште од сега ги откриваат точните линии на стариот објект. Тоа покажува и можна промена на статиката на објектот. Наместо покривна конструкција – цел кат! Тоа може да доведе до опасност за животот на домашните, на соседите и на нивниот имот“, посочи Стоилковски.
Според него, инспекторите молчат и се кријат во однос на овој случај.
„Ги нема на терен единствено кај градоначалникот на Скопје во заминување, Петре Шилегов. Инспекторите молчат, дивоградбата зборува сама за себе. Шилегов без дозвола крена замок во Карпош, ја зголеми вредноста на зградата за 100-ина илјади евра, сè тоа со познати фирми, а никој, ама никој од надлежните не се заинтересира“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, според кого, за Скопје нема полошо од Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

