Македонија
(Видео) Стоилковски: Оставка поради примитивизмот на Талат Џафери
„Погледнете го вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власт, недостојно за Собрание на Република Македонија!“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери, освен негова оставка! Талат Џафери, со целиот негов примитивизам во Ппрламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во кое било собрание, најмалку во македонското. Оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери што предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?“, истакна Столковски.
Не постои оправдување, додаде тој, за ваков, како што го нарече, простотилак и, според него, прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?
„Објаснувањето од примитивецот од Форино дека не знаел за вклучените микрофони е само доказ за вистинското лице на власта и начинот на владеење – со насилство и понижување. Јасно е, кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува суштината, на површина испливува простотилакот, што е слика за севкупното практикување на власта на крими-коалицијата!“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова, како што рече, е само причина за негова неотповиклива оставка!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

