Македонија
(Видео) Стоилковски: СДСМ да одговори, а ДКСК да отвори предмет за хациендата на Каевски
Дарко Каевски, пратеникот и портпарол на СДСМ, сѐ уште не одговара дали има документи за градба на луксузната хациенда со базен во скопско Волково. Уште повеќе, нема доблест да одговори како во иста година со директорска плата се купува стан од 65 м2 во Скопје и се гради луксузна вила со базен? И сето тоа во кризната, пандемиска, карантинска 2020 година?“, праша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, па молкот за скандалот не е доблест ниту за пратеничката група ниту за партијата СДСМ што ја претставува. Прашањето како Дарко Каевски го намножил имотот и дали има документи за градба е прашање за кое не смее да молчи ниту Љупчо Николовски како ексминистер за борба со корупцијата ниту актуелната министерка Славица Грковска за истото тоа, сега со име – за политики за добро владеење“, посочи Стоилковски.
Тој оценува дека имотот стекнат во 2020 година на Дарко Каевски мора да е предмет и во Државната комисија за спречување на корупцијата, но и да е предмет на Јавното обвинителство, бидејќи, како што вели, е прашање од јавен интерес – директор на Агенцијата за млади и спорт, избран и именуван функционер, со административна плата несразмерно намножува имот, гради луксузна хациенда во медитерански стил, за што има сомнеж дека поседува или не поседува градежна дозвола.
Стоилковски оценува дека корупцијата не е перцепција. Корупцијата, како што вели, е болест на општеството. „Без одговор и со бегање од темата поврзана со Дарко Каевски се само уште еден показател за тонење во корупција и неказнивост пред органите за функционери од СДСМ и за функционери од власта. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“, вели Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

