Македонија
(Видео) Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо за лиценци, за три години ќе изградеа нова клиничка болница
СДС и ДУИ даваат 40 милиони евра во три години за лиценци за администрација. Во 2020 година рекордни 15 милиони евра, сега е срушен рекордот од 26 милиони долари, како аманет од Рашковски. Пари на една фирма, фаворизирана од Драги Рашковски, сега од екипата на Димитар Ковачевски, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„40 милиони евра за лиценци, додека системот КАТО на Онкологија е исклучен. 40 милиони евра за една фирма, додека луѓе умираа за ‘трикафта’, а телефонски се собираат донации за лекување. 40 милиони евра за лиценци во истите три години додека нема учебници, 40 милиони евра за лиценци, а нема за плати, за пензии, за земјоделците. За споредба, со 40 милиони евра во три години можеше да се изгради цела нова клиничка болница. Лиценците на Владата чинат повеќе од цела клиничка болница во Штип“, истакна Стоилковски.
Владата, дополнува тој, мора да одговори зошто, по само три години, со истата фирма избрана за 15 милиони евра сега прави договор на 25 милиони евра.
Според него, расипништвото на СДС нема граници.
„Договорот за лиценци за безмалку 25 милиони евра, по оние 15 милиони евра пред три години, е потпишан на 1 септември кога без учебници тргна школска година, а во јавноста избувна грозоморниот скандал на Онкологија“, истакнува Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

