Македонија
(Видео) Стоилковски: Фирми поврзани со Заев должат над 1 милион евра данок
Фирмите „Сара инженеринг“, „Сара јавор“ и „Дравас“ – најзвучните фирми коишто се поврзуваат со семејното име Заев, должат над 1 милион евра данок, долг кон државата, објави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој рече дека според мартовската листа на должници, фирмата „Дравас“ должи над 43.230.000 денари, „Сара инженеринг“ должи над 19.104.000 денари, „Сара јавор“ околу 2.190.000 денари. Трите фирми задно вкупно должат над 64.500.000 денари.
„Фирмите поврзани со Заеви редовно се на листата на должници кон УЈП. СДСМ државата ја втураат од криза во криза, Нема пари за субвенции, нема пари за помош, дури и помошта што ја дадоа на трговците им ја бараат назад, ама фирми коишто се поврзуваат со семејните фирми со предзнакот Заеви – може да должат данок. Во време на тешки кризи за коишто одговорноста на СДСМ понатаму ќе се испитува, во време на безмилосни ригорозни рестриктивни мерки кон граѓаните, фирмите поврзани со бате или член на фамилијата должат над милион евра за данок! Фирмите на Заеви на годишно ниво вртат над 50 милиони евра. Дел од семејните фирми добиваат државни лиценци и дозволи од државата, и се дел од бизниси со големи добивки, но на крај тие редовно не си ги сервисираат долговите кон државата“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека предвремени избори се поевтини од кој било ден поминат со СДСМ на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

