Контакт

Избори 2019

(Видео) Стоилковски: Шефот на изборниот штаб на Пендаровски ја омаловажува Сиљановска на социјалните мрежи

Објавено пред

Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Велат, ‘логички у Бардовци треба да оди’ и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска-Давкова“, изјави Стоилковски.

Како што кажа портпаролот, станува збор за коментар на Галетановски објавен на неговиот фејсбук-профил.

„Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност. Стево Пендаровски, пак, на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска-Давкова негираше дека кој било од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од кој било од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот“, посочи Стоилковски.

Тој додаде оти сега се очекува доследност од Пендаровски во контекст на искажаните ставови и порача дека доколку тој не го испочитува своето ветување само ќе потврди дека е ист со Заев 102,5%.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

(Видео) Се урна американски Ф-16

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет20 минути

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет23 минути

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет35 минути

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија12 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија18 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија19 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија20 часа

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија20 часа

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ20 часа

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет20 часа

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет22 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет23 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет24 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет24 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет1 ден

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет1 ден

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...