Македонија
(Видео) Стојаноска: СДС и Битиќи да се извинат, чии деца и чиј родител нарекоа кретени
24 часа откако Битиќи нарече родител и деца кретени од собраниска говорница, СДС молчи и не се извинува. Огромен е очајот во СДС кога мора да молчат на изливите на примитивизам на нивни пратеници и не смеат да ги осудат и да се оградат. Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее да се огради од таквиот став, истакна на прес-конференција Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее ниту да помисили, а не пак да побара од Битиќи да се извини?
Или пак СДС и Венко Филипче со тоа што молчат и не се оградуваат ниту извинуваат го делат ставот на Битиќи дека родител и неговите деца се кретени“
Чесно е, додава таа, Филипче и СДС да се изјаснат.
Граѓаните според неа мора да знаат што застапува опозицијата, какви ставови и какви вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

