Македонија
(Видео) Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата од најмалку три причини
„Мачно и очајничко беше чувството да се гледа сервилноста на СДС кон поголемиот во суштина партнер во владејачката коалиција ДУИ секогаш кога тие ќе направеа одреден фаул и нивното бранење безочно јавноста добро го знае и се сеќава. Ова е интерпелација која што нема никаква допирна точка со реалноста и прекршувањето на собраниските процедури. Очајнички коалициски производ на новата коалиција која што ја сочинуваат СДС, Левица и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи оваа иницијатива најмалку од три причини, првата е бидејќи нема прекршување во рамките на надлежностите претседателот на Собранието водејќи ја институцијата Собрание на Република Македонија, второ кога ќе ги видите оние 7 причини сите сторители на дела кои што одат во насока на непочитување на законите во МВР како прв пат досега се пронајдени и санкционирани и има за нив постапка. Трето заради тоа што е несериозна и глупава за зошто затоа што во точка 7 и под точките в, г, д и видете таму има за пост полноќни сеанси напишано замислете и основ за интерпелација за паркинг“, кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.
„Нема повеќе во оваа држава да се толерира и игра фудбал и баскет по ходници и кабинети, нема повеќе пеење и играње во кабинети и ходници и славењето во Собранието што некој станал премиер. Нема да има телохранители на заменици министри на МВР каде што делат шамари и тепаат колеги не е тука Спасовски и Филипче па и нив да ги потсетам на ова одвратно дејствие. Нема повеќе пајак да тепа полицајци на сред бел ден. Тоа веќе нема да го има. Нема повеќе како до сега“, истакна Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.

