Македонија
(Видео) Стојаноски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на сумата на студентски оброк од 120 на 160 денари
Предмалку учествувавме на средбата во Собранието што беше организирана од пратеничката група на СДСМ која беше и предлагач на спорниот закон за што имаше денеска и студентски протест. Ние иако непоканети не знам од која причина учествуваме на средбата сакајќи да ги соочиме аргументите и да ги дадеме нашите аргументи пред студентите, односно нашите предлог решенија на нивните проблеми, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„ Се случи една комична ситуација каде што прво од пратениците на СДСМ не ни беше овозможено правото на збор, но потоа по барање на дел од студентите ние го преточивме нашето решение. А, тоа е дека на втори ноември исто така и ние имаме поднесено закон под итна постапка, во кој што најголем дел ги решава и барањата на студентите. А, тоа е тргнувањето на сите оние спорни услови во овој момент кои што ги предлагаа со спорниот закон за добивање на студентски оброк. Односно почивање на истите оние услови кои што беа усогласени со законот од 2020-тата година. Како и заради инфлацијата од 20% и зголемување на цената на храната 30%, баравме зголемување на сумата на студентски оброк од 120 на 160 денари.
Заради тоа што сметаме дека има фискален простор во буџетот и за оваа година тоа да се издржи. А, во наредната година со буџетот од 5,3 милијарди евра и те како е суштински важно да се обезбедат средства за студентите.
Во средбата после тоа наше вака излагање беше прекината и ни беше кажано дека ќе продолжи во 18:30 часот, и дека на истата ќе присуствува и премиерот Ковачевски.
Јас само би сакал да ги повикам веднаш и без одлагање особено без политички трикови затоа што политиката не треба да наоѓа место кога се работи за најмладите особено за студентите, веќе во среда имаме собраниска седница, мнозинството да ја изгласа потребата од овој наш предложен закон. И потоа веднаш ќе закажеме комисија за финансирање и буџет која што ја води опозицијата, и преку амандмани можеме да дојдеме до едно консензуално решение кое што ќе ги надмине сите отворени прашања на студентите“ рече Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

