Македонија
(Видео) Судијката и Заев се договориле мене да ме осудат, а него да го ослободат, рече Груевски
По денешното рочиште за случајот „Тенк“, обвинетиот eкспремиер, Никола Груевски, рече дека она што СЈО ќе каже судиите го прифаќаат бидејќи, како што рече, се плашат да им се спротивстават.
„Се направи тежок преседан со кој СЈО повторно се протежира“, истакна Груевски алудирајќи на барањето за изземање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од случајот, што не беше прифатено.
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешното рочиште одби да даде одбрана, а тоа го образложи со ставот оти очигледно е дека нема негова вина за набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно, како што рече, по изведувањето на доказите на Обвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое се товари.
Тој во изјавата дадена пред судот рече дека доколку се оди според правото и законите, ова е решен случај, кој треба да заврши со ослободителна пресуда.
„Сепак, во јавноста проструија информации дека постои некаков договор меѓу Заев и судијката Добрила Кацарска со кој било договорено дека таа ќе добие унапредување во Апелациониот суд, а за возврат треба да го ослободи, а мене да ме прогласи за виновен“, рече Груевски, кој додаде дека доколку тие шпекулации се точни, тогаш може сè да се очекува.
На денешното рочиште присуствуваше и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради ризична бременост.
Судењето продолжува на 14 мај кога треба да бидат изнесени завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. Кога ќе бидат дадени завршните зборови, ќе остане само судот да ја донесе пресудата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

