Македонија
(Видео) Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, блокира закон за субвенции
Блокирање на законите што се од витален интерес за граѓаните е начинот со кој Мицкоски се обидува да го покрие неуспехот од шестмесеченото владеење на неговите градоначалници, рече на денешата прес-конфренција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.
Како што рече тој, веќе трет месец претседателот на собраниската Комисија за земјоделство, Љупчо Димоски, одбива да ги стави на разгледување измените на Законот за земјоделството и руруалниот развој, кои ги доставиле пратениците од СДСМ и коалицијата.
„Со предлог-измените на законот треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците.
Односно, се отстранува дополнителниот услов, кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој, за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонесите за кои е надлежна Управата за јавни приходи.
Со блокадата на измените, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите“, посочи Талевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

