Македонија
(Видео) Талески: Наместо проекти, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните
„Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ 10 месеци не работат ништо, освен што парите на граѓаните ги трошат на луксуз и партиски вработувања. Наместо поддршка кон граѓаните, во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дополнително удираат врз стандардот на семејствата преку покачување на комуналните услуги“, рече на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Тој рече дека „додека цените на услугите растат, во исто време гледаме како јавните претпријатија раководени од кадри од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри“.
„Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори за 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат за сега да бараат помош од Владата со цел да ја скријат нивната неспособност. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека глуми загриженост за економскиот стандард, нејзини функционери летуваат на монденски локации, а нејзините градоначалници удираат по џебот на граѓаните“, смета Талески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

