Македонија
(Видео) Тасевска: ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка
„Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
„Овој Закон е поднесен до Собранието уште во декември со изгласана потребата од негово носење. ДПМНЕ на овој начин ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава во целост.
ДПМНЕ бојкотираат грант во висина од 14 милиони евра обезбедени со овој пакет од Светска Банка, средства кои треба да се искористат за довршување на патот.
Изградбата на патот во предвидените рокови е од исклучителна важност за развој на регионот, развој на транспортот и поврзувањата кон Европа и светот и ја претставува главната артерија на извозот на домашното производство.
ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.
Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на економијата и државата.
Законот навремено е доставен во собранието, но истиот свесно и испланирано не се наоѓа на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.
Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.
Јавно го повикувамe Претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието ургентно, уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за истиот што поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот во интерес на граѓаните и државата“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.
Македонија
Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

