Македонија
(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад – загина Хрват, а две жени и две деца од Македонија се тешко повредени
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во Србија кај Нови Сад, загина 56-годишен Хрват, кој управувал со возило со македонски таблички. Во несреќата повредени се и четири лица, кои биле во истото возило. Се работи за македонски државјани, меѓу кои имало и деца.
Како што пишуваат српските медиуми, хрватски државјанин загинал на лице место при сообраќајна несреќа, додека неговите сопатници, две жени и две деца, сите македонски државјани, се пренесени во новосадскиот Ургентен центар. Како што пренесува „Блиц“, лекарите се борат за животот на повреденото седумгодишно девојче и за една жена.
„ Лекарските екипи можеа само да констатираат смрт на постар маж кој починал на лице место додека постара жена во несвест била пренесена во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина на реанимација заедно со уште една 32-годишна жена која била при свест. Во незгодата повредени се 7-годишно девојче и 10-годишно момче“- велат во Заводот за итна медицинска помош.
Како што објави „Блиц“, несреќата се случила денеска околу 11.50 часот на автопатот Е-75 Белград – Нови Сад, кога автомобил „пежо“ со македонски регистарски ознаки, во кој од засега непознати причини излетал од патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

