Македонија
(Видео) Томовски: Владата го крие протоколот од народот, македонскиот јазик не е заштитен, ќе се менуваат учебниците и ќе се отвора Уставот
Во согласност со документите што се дел од преговарачката рамка, која Владата на Ковачевски ја прифаќа, Македонија ќе мора да ги смени учебниците, да го отвори Уставот и да ги направи Бугарите од Македонија заедница, а не малцинство, односно да станат државотворен народ, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сето ова стои во официјалниот текст на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Македонската Влада тоа го крие како државна тајна, ама затоа бугарските медиуми веќе објавуваат делови од таквиот договор, без кој нема почеток на преговорите со ЕУ.
Во согласност со пишувањата во медиумите и во согласност со протоколот, ниту македонскиот јазик не е заштитен. Во однос на јазикот, во протоколот е наведено дека Бугарија не прифаќа и нема да го прифати, експлицитно или имплицитно, постоењето на македонскиoт јазик во етнички и историски контекст. Сето ова Владата на антимакедонскиот СДСМ и на ДУИ го крие.
Јавно повикуваме Владата да го објави протоколот, каде што, според наши информации, се предвидува менување на Уставот со вметнување на Бугарите како државотворен народ, менување на учебниците по бугарски терк и проблематизирање на македонскиот јазик, што Бугарите го сметаат за бугарски дијалект.
Исто така, јавно да одговори Владата, ако е толку добар протоколот, зошто се крие од увид на јавноста, а Бугарите веќе го брифираат, зошто никој во Македонија, освен Владата, го нема прочитано? Ова се прашања на кои целиот народ бара одговор. На мала врата сакаат да протуркаат бугаризација против која народот жестоко се спротивставува“, порача Томовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

