Македонија
(Видео) Томовски: Китанов од СДС како претседател на одборот на директори на Телеком за еден мандат зема 300.000 евра
Аферата „Паразити“ метастазира во Телеком, каде државата има сопственост. Илјадници евра месечно земаат функционерите во Телеком именувани од Владата. По Никола Љушев кој зема 560.000 евра за еден мандат, односно месечно 11.500 евра, одиме со анализа на останатите членови на Одборот на директори, изјави на денешната прес-конференција, Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Зоран Китанов од Струмица, поранешен директор на ЈП Државни патишта во време на Заев, како претседател на Одборот на директори на Телеком именуван од Владата на СДС зема месечна плата од над 6.200 евра. Китанов за еден мандат ќе наплати 300.000 евра. Китанов беше еден од најблиските соработници на Заев и Ковачевски, како директор на ЈП Државни патишта нема направено ниту еден проект, а јавноста ќе го памети само по чочекот во тунелот на автопатот Демир Капија – Смоквица кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека Китанов само го изигра првиот чочек.
Исто како во Државни патишта, така и во Телеком, Китанов нема никаков придонес. Зошто зема плата од 300.000 евра за еден мандат Китанов и кој е неговиот придонес за државата?
Kако заменик претседател на Одборот на директори е Садула Дураку од ДУИ. Дураку за еден месец зема 1.500 евра плата, што за една година е 18.000 евра. Тој за еден свој мандат ќе наплати речиси 80.000 евра. Плата од 1.000 евра зема и Шкодране Дардишта од ДУИ која за еден мандат во Телеком, како неизвршен член на Одборот на директори ќе наплати безмалку 50.000 евра. Дардишта е политичарка од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година.
На линија на паразитите од Телеком е и Васко Ковачевски од ЕЛЕМ и Орхан Муртезани од МЕПСО кои месечно земаат и по 1.700 евра, односно за една година над 20.000 евра, што за еден мандат се 80.000 евра. Ова се функционери, од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество“ рече Томовски.
Тој обвини дека во најтешка економска криза горенаведените земаат илјадници евра плата, а дека нивниот придонес за државата е нула.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ковачки: Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција
Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, денеска меѓудругото вети дека ќе бидат вратени во функција сите железнички линии.
„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“, изјави Ковачки.
Македонски железници месецов прослави 151 година од своето постоење. Јавното претпријатие е во лоша состојба, а укинати се голем број возови.
Од неодамна, од двата патнички воза за Гевгелија вози само еден. Од 2021-ва не сообраќаат возовите од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.
Патниците го избегнуваат возот оти кога се качуваат не се знае кога и дали ќе стигнат. Честопати има дефекти и доцнење од по неколку часа, па граѓаните не сакаат да ризикуваат.
Ова јавно претпријатие е загубар кој со години се соочува со финансиски потешкотии и постојано добива прилив од буџетот за да може да подели плати и да плати сметки.
Македонија
„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр
Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Ова се само дел од објавите на ФБ.
Македонија
23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи
Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.
Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!
Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.