Македонија
(Видео) Трајчевски: Со новиот закон за медиуми останува владиното рекламирање
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, упати низа забелешки кон Владата за предлог-законот за медиуми. Според него, со одредени одредби од законот се предвидува мешање во уредувачката политика на медиумите, но останува и владиното рекламирање и покрај најавите на Владата дека тоа се укинува.
– Членот 102 се брише, но дефиницијата во законот останува, што значи дека останува владиното рекламирање. Ако е целта навистина да се тргне, треба да нема дефиниција за аудиовизуелни комерцијални комуникации како што е дефинирано, изјави Трајчевски.
Во делот од законот штого регулира емитувањето музика на радиодифузерите, првиот човек на ААВМУ забележа дека има грубо мешање во уредувачката политика на медиумите, како и технички неизводливи барања.
– Ние треба да вработиме уште сто луѓе кои ќе седат и ќе мерат каква музика се емитува на годишно ниво, а тоа е технички неизводливо, додаде Трајчевски.
Трајчевски ги искритикува и министрите кои, како што рече, за десет месеци не одржале ниту еден состанок со Агенцијата за медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

