Македонија
(Видео) Трипуновски: Земјоделците од Димковски очекуваат помош, а добиваат закани

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, вчера го посети Росоман и место да каже зошто каналите за наводнување се нефункционални или како ќе ги санира штетите од невремето, праќал нему блиски луѓе да се закануваат и напаѓаат откупувачи, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој обвини дека земјоделците од Димковски очекуваат помош, а добиваат закани.
„Димковски наместо да се насочи кон решенија на проблемите кои ги наталожија СДСМ во изминативе три години вчера потроши цел ден за закани. Настанот бил уредно пријавен во МВР и документиран од страна на надлежните и против сите сторители апелирам да бидат поведени соодветни постапки. Насилството не смее да се толерира. Господине Димковски, до кога ќе ги мотивираш твоите послушници да шиканираат, да се закануваат и да навредуваат недолжни граѓани, земјоделци и откупувачи!?“, праша Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мециновиќ: Македонија е држава во која животот се купува и продава

Пратеникот од партијата Левица, Амар Мециновиќ, се обрати на вчерашната седница за Интерпелација на министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски.
„Отворено Ве прашувам на која скала ја ставате вредноста на животот во однос на другите вредносни начела? Каде е вредноста на животот во Вашиот морален компас? Мене ми се чини министре, дека Вие моралот не го користите како аргумент, туку како последна Ваша заштита. Денеска за Вас имаше стотина полицајци околу Собранието, а за младите нема одбрана. Тие не се чувствуваат одбрането, туку нападнато, запоставено и угнетено. Младите не можат да имаат ист морал со Вас, бидејќи тие прво губеа прилики, па години, сега губат пријатели, дечковци, девојки – потполно незаштитени. Се чувствуваат како да живеат во стапица во која има темпирана бомба“, рече Мециновиќ.
„Довербата во политичарите е на многу пониско ниво од довербата во судството. Вие министре, како фигура на функцијата која ја вршите, наместо да создавате чувство на безбедност кога ќе се појавите пред граѓаните – Вие создавате чувство на резигнација, сакајќи да ги одбраните поединците кои знаете дека имаат свој придонес во структурното насилство кое го чувствуваат нашите граѓани.
Лошо е што за Вас ова е сѐ уште несреќа. Ова не беше вис мајор. Ова беше крах на систем кој ни уби сограѓани! Несреќа е земјотрес, а Македонија е држава каде што животот се купува и продава“, додаде пратеникот.
Македонија
Затаиле данок од 5,5 милиони денари, кривична пријава за две лица од Струга

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице од Лабуништа, Струга, поради даночно затајување. Лицата со лажни фактури избегнале плаќање на данок од над пет милиони денари.
Првопријавениот Ш. У. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕРЛА увоз-извоз ДООЕЛ с.Лабуништа Струга во периодот од 07.10.2010 – 10.02.2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект во текот на 2021 година употребил влезни фактури со невистинита содржина за наводно извршена набавка на стоки и услуги во вкупен износ од 36.926.920 денари со вклучен ДДВ во вкупен износ од износ од 5.632.920 денари, издадени и ставени на располагање од страна на второпријавениот А. Т. во својство на управител на правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги РЕЛАКС САС ДООЕЛ Неготино во периодот од 29.04.2020 година до денес.
Првопријавениот Ш. У. во сметководстваната евиденција ги евидентирал влезните фактури и креирал побарување за ДДВ кое го употребил за пребивање односно намалување на обврските за ДДВ со што нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија по основ на ДДВ по пресметковна стапка од 15,2542% во износ од 5.632.920 денари.
Македонија
„Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, бидејќи криминалците повеќе немаат заштита од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и повика на итна и брза реакција од страна на институциите.
„Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат.
Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна.
Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност. Правда мора да има!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.