Македонија
(Видео) Трипуновски: Ќе јадеме ли увозно свинско месо наредните неколку години!?
Република Македонија се соочува со опасност од африканска свинска чума, кпоради која се заканува угинување на целиот добиточен фонд на свињи во Република Македонија. Ќе јадеме ли увозно свинско месо и во наредните години?, вели Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Африканската свинска чума постои и во нашето опкружување во Република Бугарија и во Република Србија, а опасноста од ширење во Република Македонија е голема, особено преку дивите свињи во пограничните региони со овие држави.
Ова вирусно заболување кај свињите, коешто рапидно брзо се шири, резултира со 100% смртност. Загрозен е целиот фонд на свињи, кој според вонредниот попис во 2018 година, кај 3.977 одгледувалишта изнесувал 128.584 животни.
Поради овие аргументи и силниот социјален и економски губиток што би настанал доколку болеста влезе во Република Македонија, апелираме за максимално сериозен пристап кон оваа закана којашто предизвикува долгогодишна штета по свињарството во Република Македонија.
Зоран Заев и Зоран Атанасов со својата непрофесионалност ќе бидат главните виновници за причинетата штета од околу 100 милиони евра и целосно ќе ја загрозат егзистенцијата на околу 10.000 семејства коишто живеат спорадично од оваа дејност.
Заев, Анѓушев и Атанасов, наместо со сериозни мерки да го превенираат оваа фатално заболување, ја ставаат во опасност целата држава поради својата нестручност. Имено, наредената мерка за засилен отстрел на популацијата на диви свињи се одвива со слаба динамика, а со отстреланите свињи се постапува во неконтролирани услови, што претставува можност за ширење на вирусот и кај одгледувалиштата на свињи во Република Македонија.
Од оваа фотографија, на којашто се наоѓа и ветеринарен инспектор, а е направена на ловиште во Струмица можете да видите како не се почитуваат ниту основните биосигурносни мерки на лов и хигиена на лов. Во овој случај, доколку отсреланиот дивеч е во фаза на виремија, односно животното е носител на вирусот на африканска чума, има голема веројатност заразениот материјал да биде десиминиран од страна на сите учесници во ловот на цела територија на Република Македонија.
Од другата фотографија можеме да ја видиме моменталната ситуација на една од депониите во Република Македонија, каде слободно се шетаат напуштени свињи, кои претставуваат сериозна закана за ширење на болеста.
Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да ги коригира сите недоследности и да ги преземе сите мерки за да нема нестручен пристап при имплементирање на мерките на засилен острел на дива свиња со цел самите дејствија од страна на недоволно обучените ловџии и инспектори да не претставуваат потенцијална закана и евентуален влез и ширење на болеста на цела територија.
Опасност за ширење на вирусот е и недоволната посветеност на АХВ, во изминативе две години и покрај укажувањата и препораките на италијанскиот експерт за подигање на биосигурносните мерки на комерцијалните фарми во Република Македонија, период во кој требало да биде извршена категоризација на свињарските фарми. Имено, од 90 комерцијални фарми за одгледување свињи, до сега категоризирани се 86, од кои 27 со низок ризик, 53 со среден, а 6 со висок ризик. Ова укажува на фактот дека само 1/3 од фармите се доволно заштитени. Недоволната посветеност на АХВ во изминативе години, сега претставува опасност за целата сточарска гранка во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ со сите свои стручни капацитети будно ја следи ситуацијата со африканската свинска чума во регионот и опасноста од нејзино ширење кон Македонија, и работи на конкретни мерки и предлози за заштита на целиот сточарски фонд и влез на африканската свинска чума во Република Македонија, овие мерки и овие предлози ќе ви ги презентираме на една од наредните прес-конференции, а се надеваме дека власта ќе се одважи и ќе ги прифати овие укажувања и сугестии од наша страна со цел зачувување целата стопанска гранка, свињарство во Република Македонија“, порача Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

