Македонија
(Видео) Тунџев: Граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги во Катастарот
СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики што носат придобивки за граѓаните. По доаѓањето на СДСМ на власт, се врши професионализирање на институциите, граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги. Една од мерките што Владата предовдена од СДСМ ги вети и ја исполни е намалување на цените на услугите на Катастарот, изјави Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.
Според него, граѓаните може да поднесат барања за разни предмети за одделение во друг град од местото на живеење.
„На пример, како што сега може да се извади имотен лист за цела територија од кое било место, така граѓаните може да поднесат разни барања во врска со сопствените имоти во кој било град, за некоја друга општина, како, на пример, барање за промени што настануват по основа на наследно решение и слично.
Исто така, вреди да се истакне дека бројот на затекнати нерешени предмети на почетокот на август 2017 година изнесуваше 5.404, денес бројот на нерешени предмети е 2.043. Евидентно е целосното и драстично намалување на бројот на нерешени предмети. Споредбено, бројот на нерешени предмети е намален 62 отсто.
Во насока на доближување на Агенцијата за катастар и недвижности до граѓаните таа отвори нови канцеларии во општините Чашка и Македонска Каменица. Покрај интернет-опцијата, граѓаните од овие општини може да добијат имотен лист во овие канцеларии. Исто така, целосно или делумно се реновирани канцелариите на подрачните одделенија во: Куманово, Кратово, Тетово, Крива Паланка, Струга, Битола, Штип, Прилеп, Крушево, Кочани, Делчево и други. Реформите за професионализација на услугите и намалување на трошоците за граѓаните се на прав пат. Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и сè повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети. СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

