Македонија
(Видео) Узунов: Не може 1.5 милон евра против загадувањето, а 2 милиони евра за патни трошоци
Не може со 1.5 милион евра буџетски средства да го исчистите најзагдениот град во светот, а вашите патни трошоци да бидат два милиони евра годишно, порачаа од иницијативата „Канцеоргено општество“ на денешниот протест против загадувањето. Меѓу барањата кои ги испорачаа од пред Собранието се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи.
-И мало дете знае кои се загадувачите, од Железара гледавме црни обаци, а луѓето седеа дома и велеа ништо не е, еве сме сега после 4 години најзагаден град во светот, има уште многу такви, знаеме што се случува во Тетово, Велес, знам тоа не се единствени загадувачи но мора од некаде да се почне. Дајте им пари на луѓето и нема да мора гуми да палат за да се греат, рече Кристијан Узунов .
Насобраните граѓани носеа транспаренти на кои пишува ,,Ставете налепници на тешката индустрија”, ,,Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци” и слично. Од Собранието, демонстрантите се упатија кон Владата од каде порачаа дека мора да се преземат не само краткорочни, туку и долгорочни мерки против загадувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

