Контакт

Македонија

(Видео) Во „Фени“ уништени 590 пушки и пиштоли на МВР

Објавено пред

Во погоните на „Фени индустри“ во Кавадарци денеска беше извршено уништување разновидно неупотребливо и трајно оштетено службено оружје (полуавтоматски, автоматски пушки, пиштоли и друго), кое досега било складирано, а порано се употребувало во Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека се работи за 590 парчиња оружје, од кои најголем дел се однесува на автоматски пушки, пиштоли, полуавтоматски и воздушни пушки, пушкомитролези и слично оружје кое практично одамна, поради својата техничка неисправност е надвор од формациска употреба во организациските единици при МВР.

Од МВР велат дека со оглед на фактот дека за ваков вид и обем на активност во државава постојат само три правни субјекти, „Макстил“, „Југохром“ и „Фени индустри“, кои располагаат со печки за топење, а две од тие три фирми во моментот воопшто не ги користат таквите печки, изборот беше „Фени индустри“. Притоа, раководството на комбинатот се согласило, без никаков надомест, да го реализира уништувањето на оружјето.

Македонија

Имам понуди за меѓународни позиции но нема да ја напуштам позицијата градоначалник на општина Чаир, вели Османи за кандидатурата

Објавено пред

„Јас немам план Б или резервен план освен Чаир,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи. Тој упати остар предизвик кон својот опонент, Изет Меџити од ВЛЕН. Османи го повика Меџити законски, или преку изјава кај нотар, да се обврзе дека нема да ја напушти позицијата градоначалник доколку ја добие, во замена за каква било друга функција.

dobivaj vesti na viber

Османи ги отфрли и како неточни тврдењата дека ја користи трката за Чаир само за повторно да добие владина позиција.

„Јас ќе потпишам дека нема да ја напуштам канцеларијата или позицијата градоначалник на општина Чаир сè додека не одлучат граѓаните и преземам обврска пред луѓето. Еве, јас сум подготвен законски да потпишам дека, независно каква понуда ќе имам, домашна или меѓународна, бидејќи имам и понуди за меѓународни позиции. Нема да ја напуштам позицијата градоначалник на општина Чаир. Зашто ова за мене е мисија и сум влегол со целото мое битие, со моето знаење, со моето искуство, во овој процес“, изјави Османи.

Тој порача дека најголемата разлика помеѓу него и неговиот опонент е во искрениот пристап кон Чаир и немањето на резервна адреса за живеење и за функција.

„За разлика од мојот политички опонент, за кого Чаир е резервен план. Не се трга од владата со идејата: ако победам добро, ако не победам се враќам во владата. Зема фиктивна адреса во Чаир ако победам добро, ако не, се враќам таму каде што живеам, во друга општина“, рече Османи.

Тој потенцираше дека тука пораснал тој и неговите деца, и дека целиот негов професионален и политички капитал е вложен во Чаир.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски – Ле Риголер: презентирани можностите за почнување и унапредување значајни инфраструктурни проекти

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.

Беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји и разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Објавено пред

Од

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, соочен со обвиненија за затворска казна и подложен на уцени, иако има активен договор за испорака на нафта, ја прекина доставата, велат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека Јахоски тоа го направил и за предновогодишните празници и ги оставил грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само, како што велат од Град Скопје, да се задоволат суетните лидери, од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.

„Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП, кој дава јавна услуга за граѓаните, која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните. Затоа за Асмир Јахоски и за ‘Пуцко петрол’ ќе се поведе соодветна постапка за материјална и кривична одговорност, кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта, со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП, кој го водат ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата што му ја предизвикаа на ЈСП, но и Скопје, во изминатите 4 години“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ48 минути

Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен...

Македонија55 минути

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за создавање хаос во Скопје. Иако...

Македонија4 часа

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни,...

Македонија5 часа

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот беше во прекин...

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет7 часа

Португалија ја призна Палестина

Португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, изјави дека неговата земја ја признала државата Палестина. „Признавањето на државата Палестина е...

Европа7 часа

Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада....

Свет7 часа

(Видео) Заврши комеморацијата за Чарли Кирк; Трамп: Го уби радикализирано, ладнокрвно чудовиште

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Свет8 часа

(Видео) Вдовицата на Кирк: Му простувам на човекот што го уби

На Стејт Фарм стадионот во Аризона заврши комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. На комеморацијата пристигнаа и американскиот претседател...

Економија1 ден

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија1 ден

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија1 ден

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија1 ден

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...

Македонија1 ден

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и...

Економија1 ден

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното...

Свет1 ден

Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28...

Македонија2 дена

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија2 дена

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...